Кочоски ја презеде функцијата градоначалник на Вевчани

Спасе Кочоски ја презеде функцијата градоначалник на Вевчани.

Кочоски доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ, на местото на Сашо Јанкоски од СДСМ.

-Драги мои сограѓани, ветувам дека во работењето секогаш ќе постапувам законски, независно, непристрасно, етички, одговорно и транспарентно, односно во ниту еден момент нема да ги доведам
во прашање интегритетот и угледот на Општина Вевчани.
Мојот концепт е обединето Вевчани и Вевчани за сите луѓе, без разлика на партиската припадност.
Време е да покажеме дека градоначалничката функција никако не смее да биде политичка и да претставува извор на делби и поделби. Напротив, таа треба да се извршува професионално и еднакво за сите луѓе.
Оттука, ветувам дека поделби по која било основа нема да има. Ќе го слушам секој еден ваш проблем со кој се соочувате во секојдневното функционирање и живеење и во рамките на надлежностите, заеднички ќе го изнаоѓаме решението.
Нема нерешлив проблем! Потребно е
решавање на сите т.н. „мали проблеми“. Потребно е решавање на сите реални проблеми за кои локалната самоуправа, всушност и постои.
Ќе работиме на креирање средина во која граѓаните ќе бидат активно вклучени во процесот на донесување одлуки на локално ниво и ќе бидат главни двигатели на промените и локалниот развој.
Од Вевчани да направиме место каде
што градоначалникот е во служба на секој граѓанин, а не е власт.
Заедно со општинската администрација, со Советот и со граѓаните, посветено ќе работиме за надминување на предизвиците на новото време.
Со работа почнуваме веднаш, рече Кочоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани