Расте интересот за трета доза во струшко

Расте интересот за трета доза вакцина против корона вирусот во струшко. Од втората половина на октомври над 550 лица примиле трета – бустер доза.

Најголем инетрес има кај повозрасната популација, но и кај лица со хронични заболувања и здравствствени работници.
Досега во Струга со прва доза имунизирани се над 15 000 граѓани, а со две дози 12 000 стружани.

– „Оваа недела гледаме дека се зголемува интересот е сега тоа зависи и од тоа кога се примиле прва доза кинеските по три месеци со фајзер после шест мегутоа факт е дека расте бројот. А со прва доза? И тука гледаме некој пораст“, вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.

За вакцинација најголем интерес има од повозрасната популација, а најмал кај децата од 12 до 18 години. Здравствените работници апелираат на што помасовна имунизација и поголема заштита.

„Има и млади е сега онаа категорија од 12 до 18 години не многу,  од 18, 19 години младите да тие се вакцинираат. Апелот е едноставен и реален масовна вакцинација, што повеќе да се вакцинираат. Да се обрати внимание на слави, визити помалку контакти“, додава Ложанкоски.

Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна, само 4 лица се хоспитализирани од кои три се на кислородна поддршка, а најмладиот има 46 години.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани