Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денеска во Средното општинско училиште „ Св.Кирил и Методиј“ во Охрид се спровед показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.

Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата за практично да се види како би реагирале наставниците и учениците во случај на елементарни непогоди, колку ефикасно би била спроведена безбедна евакуација,. каква е координацијата со образовните центри туку и со другите фактори коишто беа инволвирани во реализацијата на оваа показна вежба.

Показната вежба треба да придонесе за изготвување на поефикасни планови, за подоследно, поцелосно и поефективно спроведување на мерките кои се предвидени при процес на евакуација. Вежбата покажа како практично на терен би дејствувале учениците, наставниците и останатиот персонал во училиштата во случај на елементарните незгоди, но и субјектите кои се повикани при преземање на мерки во вакви слуачи. Во оваа показна вежба се покажа дека учениците и наставниците, прилично ги познаваат мерките и постапките кои треба да ги преземат во вакви случаи и дека одлична е соработката во делот на информирање, навремено повикување на Брзата помош, на полицијата и ТППЕ, како и подготвеноста на екипите на Црвен крст да преземаат мерки за спасување на повредено лице. Екипите на СВР Охрид во значително ниво ја покажаа својата подготвеност за дејствување во вакви случаи, информира портпаролот Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани