Меѓународни инспекциски контроли за заштита на Охридскиот бисер

Поголема контрола и заштита од пиратерија на оригиналниот Охридски бисер, најавува Светската организација за интелектуална сопственост. Државата ги заштити како бренд бисерите на двете охридски семејства Филеви и Талеви, но на секој чекор трговците низ градот Охрид  препродаваат лажни,  фалсификувани, или увезени бисери претставувајќи ги како „охридски“, пред купувачите. 

Светската организација за интелектуална сопственост WIPO-World intellectual Property Organization оваа година во Женева Швајцарија одржа конференција на меѓународно ниво, каде се дебатирало на  различни теми и  од областа на трговските марки интелектуалната сопственост и патентираните пронајдоци од сите сфери.

Македонија преку Државниот Заводот за Индустриска сопственост учествуваше и се претстави со многу Трговски марки и патенти по кои сме препознатливи  во светот и со кој ја афирмираме целокупната култура и потенцијали на државата.

-„Имавме посебна чест да биде претставени пред светската организација WIPO како еден од најстарите Македонски брендови со најстара трговска марка и патент а тоа е занаетот за Изработка на Охридскиот Бисер изработен од семејствата Талеви и Филеви, кои еден век со своите занаетчиски дела низ четири генерации ги преточиле во уникатен накит,по што  сме сите препознатливи во светот. Охридскиот Бисер како заштитен географски назив, трговска марка и интелектуална сопственост е заштитен од Македонските институции по извршен елаборат на Технолшко метарлушкиот факултет кој ги  утвдил посебностите и сите својства кои го карактеризираат производот и се разликува од сите други природни бисер на светот по начинот на изработката, историјата и традицијата, која припаѓа на две семејства од Охрид, вели во изјава за Охриднет,  Михајло Филев производител на оригинален Охридски бисер. 

 

Меѓународни инспекции ќе прават надзори за сузбивање на пиратеријата. 

-„Како таков брендот охридски бисер  е прифатен и од Светската организација за интелектуална сопственост WIPO и сме примени во големото семејство на 31.03.2015. Секој бренд и производ си има свои проблеми  зависно од која држава доаѓа со каква економска и општествена моќ, па се разговарало за различни правни начини искуства за справува со пиратеријата и нелегално користење на заштитени географски називи,формирање за мегјународни инспекции и делување заедничко со инспекции од државата во која има таква злоупотеба и копирање на брендовите“, вели Филев. 

 

Светската организација за интелектуална сопственост на Твитер објави видео  за охридксите бисери: 

 

Во Северна Македонијa, производителите на бисери користат техника стара 100 години за изработка на бисери

 

Географската ознака која ги штити овие уникатни „Охридски бисери“ помага да се подобри егзистенцијата на локалните производители

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани