Во Вевчани се средува осветлувањето

Се средува уличното осветлување во општина Вевчани.

Се врши замена на  сите прегорени сијалици во Споменикот на природата Вевчански извори кои неколку месеци не биле променети.

Ќе го вратиме сјајот на Вевчанските извори. Започнавме со акција за сервисирање на уличното осветлување. Имаше многу сијалични места кои неколку месеци не светеа.Доколку има некаде каде што не свети уличното осветлување, Ве замолувам да пријавите и истото да го сервисираме.Воедно Ве известувам, во периодов што следи ќе направиме и акција за пуштање и нови линии за улично осветлување – на места каде што никогаш немало. Ветуваме и се обврзуваме дека секој проблем околу уличното осветлување ќе го решаваме во рок од 48 часа од вашата пријава, вели градоначалникот Спасе Кочоски. 

Во понеделник на 15.11.2021 година во периодот од 09:00 ч. до 12:00 ч. на цела територија на општина Вевчани ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради изведување на работи за дислокација на столб од далековод.

Можно е да е слика од дрво, пат, облак и природа

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани