Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата

Изградбата на современ ски-центар на Јабланица се коси со плановите за заштитата, кои претендендираат планината да биде прогласена за Национален парк.

Ова е ставот на активистите, откако Агенцијата за промоција и странски инвестиции го презентираше проектот за изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари за производство на снег.

Во проектот е предвидено изградба на 10 хотели, а вкупната вредност на инвестицијата е околу 320 милиони евра.

-„Дефиницијата за таков простор е дека се забранети, недозволиви било какви градежни активности, урбанизација, злоупотреба или употреба на природни ресурси и други актвности надвор од рекреативното и спортското еколошко користење на тој предел“, вели Никола Кукунешоски граѓански активист.

Наспроти бројните ски центри изградени во европските држави во заштитени подррачја, активистите велат во земјава најголема закана е узурпацијата на атрактивните локации.

-„Нивната свест и нивните закони таму поинаку ги ргулираат нештата во тие држави. Нас овде не плажи токму безаконието и можноста да се спречи било каква узурпација или девастација на тој потег, затоа час поскоро ни е потребен тој статус на заштитено подрачје како Национален парк, ддава Кукунешоски.

Градоначалникот на Струга оствари средба со Агенцијата за промоција и странски инвестиции и рече ски центарот е многу важен проект за општината, но најави консултации со невладините, екологистите, локалната заедница и бизнис секторот.

Во 2013 година беше изработен проект за изградба на ски центар, викенд населба и хотели кај месноста Јанков камен над Вевчани, беше изготвена и физибилити студија и мастер план, но до денес не се реализира.

Новинр Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани