Македонија се соочува со недостиг на пиротеничари

Во земјава има недостиг на пиротехничари. Во Дирекцијата за заштита и спасување има само седум вакви стручни лица , што е двојно помалку од потребите на државата за отстранување убојни средства кои се останати од Првата Светска војна.

Македонските пиротехничари ја надминуваат и возраста, максималната старосна граница во светски рамки е до 55 години. Цели 16 години во земјава не е вработен нов специјалист по пиротехника.

.„Во државата во моментов имаме седум пиротехнчари кои се пред пензија сите.0557 Треба опрема која е скапа и треба и луге ние во моментов сме седум луѓе и буквално тие луѓе тие ја поминаа границата на пиротехничари одамна ни требаат млади кадри“, вели Ефтим Митров – раководител на пиротехничари во ДЗС

Причината за недостигот на пиротехничари се условите за работа односно ниските плати и слабата опременост, немањето бенифициран стаж и тоа што се водат како професија во која не постои ризик. Во светски рамки работата на пиротехничарите според ризикот што го носи е сместена на второ место.

-„ Таа е ризична работа, а условите за рабта не беа воопшто прилагодени на нас. Ние се уште се водиме, тек сега јас успеав со директорот и премиерот да го измениме законот за пиротехничари малку го подобривме условите. До сега бевме држава во која што нема бенифициран стаж, нема ризик не се ризични иако се максимално ризични, додава Митров.

Пиротехничарите се надеваат дека проблемите ќе бидат надминати со измените во законот за заштита и спасување, кој треба да биде прифатен со сите предлози и забелешки. Во спротивно за некоја година државата ќе остане без пиротехничари, а тоа според нив не смее да се случи, бидејки секој втор ден има интервенции, а според проценките, мини, бомби и гранати ќе се откриваат и во следните дваесет години.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани