Полициска соработка со Планинската спасителна служба

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид и Планинската спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот што беше потпишан во Оперативниот и тренинг центар на Планинарската спасителна служба,  подразбира унапредување на меѓусебните односи, организација, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и едукативни работилници и други настани од областа на  безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и изведување практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни. Меморандумот за соработка го потпиша претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски, генералниот секретар на ИПА Охрид Игор Смилевски, секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Мимоза Ставрева и раководителот на Планинарската спасителна служба Антонио Додевски.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани