Да не се паркира на местата обележани за инвалиди!

Јавното прептријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби.

Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува.

ЈП „Билјанини извори“ уште еднаш апелира до сите граѓани да го почитуваат правото за користење на паркинг место на лицата со попреченост кој согласно закон треба да се почитува.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани