Кривични за две лице, вршеле нелегален транспорт на дрва

Велгоштанец и жител на Лакочереј вршеле нелегален транспорт на дрва.

На 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј. Двајцата, околу 21 часот во атарот на селото Лескоец, се затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј“, со бугарски национални ознаки. Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани