Започнува изградбата на „Македонски Просветители“

 

Започнува изградбата на „Македонски Просветители“ , најави градоначалникот Кирил Пецаков.

Завршена е целокупната докуемнтација, останува тендерирање на некои постапки во однос на осветлувањето.  Рокот за изградба на овој значаен проект е шест месеци. 

– Ќе имаме комплетно ново булеварско решение, двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти. Паркингот ќе биде префрлен од друга страна. ќе имаме косо паркирање под агол од 45 степени, изјави Пецаков на денешната прес конференција. 

-Промените во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика на активности оние кои се започнати и голем број нови проекти кои беа ветени во програмата. Ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина и да покажеме дека не сме сите исти. Народот сака резултати и реализација на исполнувања на ветеното тоа не прави различни. Ке се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку“, рече Мицковски претседател на ВМРО ДПМНЕ. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани