Охрид ќе биде украсен за Новогодишните празници

Охрид е главниот туристички центар во земјава а за Новогодишните празници се очекува наплив на голем број туристи, токму затоа градот ќе блесне во новогодишно руво, рече градоначалникот Кирил Пецаков. 

 

-Најавени се голем број туристи кои што ќе го посетати уживаат во убавините на Охрид за Новогодишните празници, така да ние не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Минимален е тендерот околу осветлувањето заедно со уркасувањето. Сепак Охрид ќе биде украсен,  ќе изгледа добро и ќе биде подготвен да ги прими странските гости. Ќе има организиран скромен настан на градскиот плоштад само со изведувачи од Охрид кои ќе ги забавуваат туристите“, рече Пецаков. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани