Прва ИПА планинско-кондициона тура „Охрид 2021“

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, вчера на „Патеката на Леко“, ја реализира првата ИПА планинско-кондициона тура „Охрид 2021“.

-Денеска, имавме преубаво време за рекреативно планинарење, заедно со Планинарската спасителна служба при Црвениот Крст во Охрид, од Спортскиот центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово, чиј атар се издига до сртот „Елен врв“ на планината Галичица, на надморска висина од 1.080 метри. Многу сонце, чист планински воздух, ужување во планинската убавица и охридската убавина, весела дружба и показна вежба на Планинарската спасителна служба, како дел од нивната волонтерска и врвна професионална работа-спасителни операции на планина. Втората ИПА планинско-кондициона тура, ќе биде интернационална, информира претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани