СДСМ Охрид со реакција на изјавата на Пецаков за уредувањето на плажите

СДСМ Охрид со реакција на изјавата на Пецаков за уредувањето на плажите.

Градоначалникот Кирил Пецаков по се изгледа сака да го врати Охрид во минатото кога 11 год. владееше неговата партија ВМРО ДПМНЕ, а во градов дивееше тотален урбанистички хаос. Нема ниту еден месец од неговото назначување, а тој веќе најавува поништување на сите заложби на минатата Локална самоуправа и градоначалникот Константин Георгиески и нивната посветеност за исполнувањето на препораките и почитувањето на законите поради кои Охрид го зачува статусот на заштитен град под УНЕСКО. Пецаков заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на нашето Охридско Езеро. Навистина зачудува фактот што Пецаков како поранешен советник и пратеник покажува тотално непознавање на законите и го нема прочитано Планот за управување со светското природно и културно наследство и не му се важни препораките од УНЕСКО. Да им појасниме дека во активностите за отстранување на објектите на плажите се опфатени физички или правни лица кои имаа добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Решение не може да се издаде ако нема фактичка состојба, дивоградба со записник. Во отстранувањето на дивоградбите на плажите постапувано е строго по законски процедури и апсолутно нема никаква селективност – стои во реакцијата на СДСМ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани