НП Галичица спроведува работилници за еколошка едукација на учениците.

НП Галичица спроведува работилници за  продуктивна еколошка едукација на учениците.

-Научивме за тоа што е национален парк, на колку категории се делат заштитените подрачја, кои се природните и културните вредности на НП Галичица, што се загрозени и ендемични видови и за важноста на црвената листа на загрозени видови.
Успешно спроведената активност ќе ни биде поттик и за понатамошна соработка со цел поблиску да ја доближиме важноста за грижата кон животната средина и биодиверзитетот до младата популација, информираат од НП. 

Можно е да е слика од 17 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Посветуваме големо внимание на еколошката едукација за деца преку која се трудиме да ја пренесеме важноста на животната средина и биолошката разновидност.

– Работилница за безрбетниците беше релизирана и  во Инфо центарот на НП Галичица-Стење, а се дружевме со учениците од ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен. Важноста на безрбетниците е голема, сочинуваат 96% од целото животинско царство, тие се клучна компонента во синџирот на исхрана и исполнуваат многу екосистемски услуги, како што се опрашување, распаѓање и ослободување на хранливи материи, информираат од НП Галичица. 

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани