Започнува постапка за брзо решавање на предметите за легализација

Со рекордни 120 точки на дневниот ред, денес се одржа третата седница на Советот на Општина Охрид.

На дневниот ред доминираа точките кои се однесуваа на легализација, односно вклопување на бесправно изградени објекти, на пошироката територија на Општина Охрид.

Советниците имаа дебата само околу точките кои се однесуваа на измените во програмите на одделни сектори и прераспределба на средства од буџетот за 2021 година, но сепак сите точки беа едногласно донесени.На денешната седница на Советот на Општина Охрид како дел од дневниот ред беа повеќе од 100 предмети за легализација.

 

 

 

– Започнуваме постапка заедно со опозицијата за брзо решавање на предметите за легализација. На денешната седница на Советот на Општина Охрид како дел од дневниот ред се над 100 предмети за легализација. Процесот за брзо решавање на предметите за легализација почнува со предметите за кои е потребна одлука на Советот на Општина Охрид. Предвидено е и формирање на посебен тим од Локалната самоуправа кој ќе ги контактира граѓаните за постапките на решавање на нивните предмети со цел нивно комплетирање и издавање на решенијата за легализација, истакна претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

 

 Тој додаде дека точки за решавање на предметите за легализација ќе има и на наредните седници, за кои во интерес на граѓаните ќе бидат разгледувани и усвоени од страна на сите советници.

 

Точките од денешната седница на Советот на Општина Охрид кои се однесуваат на предметите за легализација беа поддржани од сите советници.

Секретарот на општината Александар Китески, образложи дека, обемниот дневен ред се должи на застојот во решавањето на предметите за легализација поради законски пречки и оддржувањето на локалните избори. Во иднина најави поефикасно и поажурно работење на општинската администрација, со цел, советниците да имаат оптимални услови за работа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани