Генералки на улиците ,,Кленоец” и ,,Радојца Новичиќ”

Генералки на улиците ,,Кленоец” и ,,Радојца Новичиќ” и активности за подигање на паднатите лисја. 

 

-Екипите на „Јавна хигиена” спроведоа активности за генерално расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.Во изминативе есенски денови интензивно се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот. Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на ЈП „Охридски Комуналец”каде понатака се користат во процесот на компостирање, информира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани