Фотограф од Кушадаси денес успешен земјоделец во Охрид

Фотограф од Кушадаси – Турција денес земјоделец во Охрид. Пред десеттина години Акин Сезер во Охрид ја најде својата животна сопатничка, денес имаат едно дете и тука ја градат својата иднина.

Се збогува со брегот на Егејското море за да живее покрај Охридското езеро.
Прво се занимавал со промоција на туризмот и зближување на двете култури, потоа отвори рестран со турски специјалитети во Охрид, но денес е успешен земјоделец.
На бавчата во „Андон Дуков“ сади органски садници со семиња донесени од Турција.

 

Успешно произведува повеќе илјади корени на артичока, аспарагус, патлиџани, пиперки, јагоди и други врсти зеленчук и овошје.
Вели не употребува пестициди, на неговата плодна бавча има исклучиво органско производство.

-„Јас веднаш почнав ставка за органски производи и веќе сме почанати со сертификација. Сега имаме две години пат, треба да се одржува органско . Клиентите сакаат да купуваат органски производи, имаме пласман имаме заинтересирани купувачи кои сакаат да користат органска храна во Охрид, но за жал повеќето клиенти се скопјани“, вели Акин Сезер земјоделец од Турција.

Покрај плодните пластеници, Сезер произведува и традиционална зимница, ајвар, макала, разни видови салати и туршија, кои се спој на македонската и турската традиција.

„Малку комбинирав со турска и македонска традиционална храна. Пред една година почнавме со ајвар, со лутеница, туршија имам маџун пекмез, макарон сос и само кај мене има макало со артичока и макало со аспарагус“, вели Сезер.

Овој семеен бизнис сега им обезбедува само една плата, но во иднина Сезер планира да го прошири и со сточарство. Да одгледува кози и овци и да произведува млеко и сирење.Сака да отвори и своја продавница. Овој Турчин, кој денес одлично го владее македонскиот јазик, вели човек треба да има љубов кон работата, а за возврат Бог ќе го награди.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани