Саниран мостот на кејот на Вевчанска река

Саниран мостот на кејот на Вевчанска  река, информираат од општина Вевчани. Мостот беше небезбеден за минувачите. 

-За “6” шајки и неколку дрвени даски овој мост повеќе од една година претставуваше сериозна опасност за минувачите по истиот. Овој мост го користат многу граѓани кои рекреирааат по кејот, но го користат и нашите деца кои одат по кејот до детската градинка и основното училиште. Безбедноста на нашите сограѓани е најважна! А наша обврска и должност е да се грижиме за неа и постојано да ја подобруваме, информира градоначалникот Спасе Кочоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани