Визијата на Црвен крст презентирана пред општина Охрид

Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст – Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата .

 

Учесниците на настанот се запознаа со историјата на Меѓународното движење на Црвениот крст, основните принципи на работа, мандатот и активностите на компонентите на Движењето и активностите на Црвен крст – Охрид.

Целта на настанот е јакнење на програмата за дисеминација и мобилизирање на заедницата за проширување на капацитетите на волонтерската мрежа на ЦК.

Денешната сесија е дел од кампањата ЦК и Меѓународниот комитет на ЦК за промовирање на улогата на Националното друштво на ЦК во поддршка на државниот институционален систем.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани