Со нови цветни садници се разубавуваат парковите во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со оплеменување на јавните зелени површини во градот и околината со засадување на цветниот материјал viola (очиња) од сопствено производство.

Овој цветен саден материјал е издржлив и отпорен на пониски температури, па ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во претстојниот период.
Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, кружните сообраќајници, па потоа периферните делови од градот, сè до напролет,информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани