Испетапе стружанец и му го одзеле автомобилот

Кривични за велешанец и прилепчанец, кои во Струга истепале лице и му го одзеле возилото.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Ј.(34) од Прилеп и И.У.(40) од Велес, двајцата со привремен претстој во Струга, поради  постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка телесна повреда“ и „одземање моторно возило“.  Тие, казнените дела ги сториле на 02.11.2021 година во 23.40 часот во струшката населба „Плитишта“ каде, со метални предмети физички го нападнале Ф.Н.(57) од Струга аа потоа му го одзеле неговото патничко моторно возило, информира портпролот на СВР Охрид Стефа Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани