Проф. д-р Љупчо Коцарев е добитник на наградата Свети Климент Охридски

Академик Проф. д-р Љупчо Коцарев е годинешен добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ за 2021 година. На прес конференција градоначалникот Кирил Пецаков образложи зошто наградата му е доделена токму него.

 

 

– Охрид за нас и за Светот е посебен не само заради своите уникатни, природни и културни вредности туку и заради многумината исклучителни поединци кои со своите корени се цврсто поврзани со Охрид, но плодовите на својата животна мисија му ги подариле на целиот Свет и на генерациите кои доаѓаат по нив. Речиси секоја генерација има по некој таков современик…. По наше длабоко уверување еден од нив е годинешниот добитник на највисоката и најпрестижна наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“, академик Љупчо Коцарев.

Што може да се каже за оваа авангардна личност освен дека е нашиот најпознат и најпризнаен интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници, човек кој многу одамна застанал во одбраната на интересите на Македонија. Неговиот импозантен лик и дело не прават среќни и горди на сите нас. Академик Љупчо Коцарев е по потекло од Охрид. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје , магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирал на Институтот за физика на Природно – математичкиот факултет во Скопје. Неговата богата наставно- научна дејност почнува на Електротехничкиот факултет во Скопје, продолжува на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего- САД, а студиски престои остварува во САД, Германија, Италија, Унгарија, Шпанија. Неговите публикации се цитирани илјадници пати исто како и превземањата на текстовите од книгите кои ги едитирал. Научниот интерес е широк во областите на физиката, техничките и компјутерските науки. Фасцинира бројот на публикации објавени во часописи со фактор на влијание,во зборници на рецензирани трудови. Едитор е на шест книги и автор на шест патенти одобрени во САД и Европа. Академик Коцарев е редовен член на МАНУ од 2007, а во ноември 2019 година е избран за претседател на МАНУ. Најдобра илустрација за неговата важност во Светот на науката е што престижниот универзитет Стенфорд го ставил на листата на најдобри топ научници на сите времиња од сите области – рече градоначалникот Пецаков.

До стручната комисија во состав Перчо Божиноски- претседател и членовите: Проф. д-р Виолета Ачкоска, Проф. д-р Сашо Коруноски, проф. д-р Димитар Пандев и Горан Стојаноски пристигнаале шест апликации за највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“. Комисијата едногласно пратила до градоначалникот Предлог добитник на наградата да биде токму ценетиот академик Коцарев, кој за наградата беше предложен и поддржан од видни и истакнати доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани.

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани