Тројца добитници на Светиклиментова повелба

Повелбата „Св. Климент Охридски- Патрон на градот Охрид“ годинава се додели постхумно на Мишко Јузмески, на Гордана Лолеска и на здружението „ЕКО ФАП“ од Охрид.

 

До комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид во состав: Перчо Божиноски- претседател, Бојан Михајловски- заменик претседател и членовите, Горан Стојаноски, Наум Јамандиев и Арбен Демироски пристигнале осум апликации.

Претседателот на Комисијата , Перчо Божиноски на прес конференција образложи за кои добитници на Повелбата станува збор .

– Повелбата се доделува постхумно на Мишко Јузмески, писател, фотограф, културен и туристички работник, научен истражувач, публицист и полиглот. Гордана Лолеска е голем борец и хуманитарец, поддржувач на потребите на пациентите со ретки болести но и лица со хронични болести. Здружението ЕКО ФАП е доброволно, противпожарно и хуманитарно здружение. Нивните остварувања и достигнувања се за почит и се од посебен придонес во развојот , напредокот и афирмацијата на Општина Охрид, како во Република Македонија така и во Светот. Апостолското дел и мисија на Свети Климент се должни за почит, но и поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност е исконска должност и аманет – рече Божиноски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани