Мерко претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион

На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко беше избран за претседател на новиот состав.

 

Центарот на југозападен плански регион опфаќа 9 општини и за следната година се планирани околу 126 милиони денари за подобрување на условите на сите овие општини.
Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој и поголема поддршка во реализацијата на проектите.

 

Прво на агендата ќе биде  воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. За таа цел се одржа средба со градоначалниците на Југозападниот и Пелагонискиот плански регион министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  заедно со државниот секретар Каја Шукова и стручниот тим на Министерството ги запозна градоначалниците за идните активности за воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. 

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Фокусот беше не само на информирањето на градоначалниците за статусот на проектот за кој по изработената студија од ЕБРД е добиен позитивен одговор на барањето од Владата за започнување на постапката за добивање на кредит за изградба на системот, туку и да се слушнат нивните мислења, да се обезбеди поддршака на процесот и да се мобилизираат расположивите ресурси заради поголема ефикаснот во имплементацијата.
Градоначалниците изразија подготвеност за соработка, со оглед дека решавањето на проблемот со управување со отпадот е високо поставен во нивните агенди.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани