Хуман подвиг! Стружанец дели храна на социјално ранливите

Стружанец бесплатно дели храна за социјално ранливите граѓани.

Никола Петрески самоиницијативно во понеделник, среда и петок дели по 27 топли оброци за социјалните случаи. Како професионален кувар, во неговата работилница готви за две струшки компании,а му останувало многу храна. Така дошол до идеја храната да ја спакува и да ја подели на граѓаните на кои им е потребна.

-„Ми остануваше многу храна, ја јадевме дома, но дел од 6-7 кг сигурно се фрлаше така да дојдов до идеја да ја дадам некому кому што му е потребна. Отприлика на почетокот беа двајца тројца првите денови па сега бројот е околу 26 – 27 лица, кои добиваат храна“., вели Никола Петрески готвач од Струга.

За Новогодишните празници сака да зготви и да подели 500 оброци. Петрески ги повикува сите хумани граѓани да му се придружат и да донираат храна.

-„Пред Нова година отприлика некаде на 20/ 25 ти декември се надевам ќе се соберат доволно фирми за донација така да планирам да зготвам околу 500 оброци за Струга и околината. Мислам дека е тоа голем подвиг кој може да донира“, вели Петрески.

Никола 4 недели ги храни гладните во Струга, а посебно задоволство е вели да се види насмевка во знак на благодарност од социјално погодените граѓани, особено во многудетните семејства со мали деца, кои водат битка со сиромаштијата. Овој негов потег веќе го поддржаа неколку компаниии од градот, но апелот е да се придружат и останатите угостителски објекти, храната која останува наместо да се фрла, да завршува онаму каде е најпотребна.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани