Локалните самоуправи на Охрид и Струга во соработка со маркетинг агенцијата „Еуростеп“ на 3 и 4 септември најавуваат Бела ноќ, 40- тина часа забава на плажите и во дискотеките почнувајќи од Свети Наум па се до Радожда. Се планираат голем број музички бендови и светски познати ди џеи.
Очекувањата оптимистички, само во текот на тие два денови се најавуваат околу 100 000 туристи, кои освен на брегот на Охридското езеро ќе имаат можност да претстојуваат и во околните градови.
„Некаде околу пладне на 3 септември до вечерните часови на 4 септември ќе се одржи Бела ноќ , општина Охрид и Струга ќе прогласат таква манифестација и ќе имаме околу 40 тина забави од Свети Наум до Радожда. Сите оние плажи кои што се, дискотеки, клубови ќе имаат ви музички бендови вечерта и познати светски диџеи. Се надеваме дека ќе имаме добра забава Со 100 000 туристи на интеренет страниците ќе имаме околу 10 милиони фотографии што е една убава можност за нашата држава односно тоа е една голема реклама“, вели Боби Јанкоски од „Еуростеп“.
На фестивалот за риби и рибарство кој ќе се одржи во јуни ќе се претстават рибарски здруженија од земјава и регионот. На штандови на кејот „Црн Дрим“ ќе се презентираат охридските риби, а ќе има и музички настани.
„Завршени се преговорите со сите балкански земји тие со своите рибарски здруженија ќе присуствуваат на тој саем, но и од земји членки на ЕУ. Има повеќе понуди но ние не можеме повеќе од 30 здруженија да прифатиме во макеоднија бидејки предност сепак треба да им дадеме на домашните. На штандови ќе се понудат рибите од Охридското езеро, сета онаа риба ке бие презентирана на штандовите, испржена или испечена подготвена. Штандовите ќе бидат поставени на кејот Црн Дрим ќе трае два денови“, додава Јанкоски.
На Фестивалот на рибата и Белата ноќ им претходи туристички саем во Охрид кој е закажан за 30 април и 1 мај, на кој тур операторите од светот ке се запознаат со туристичките потенцијали и капацитети на земјава. Сите овие настани се очекува да станат традиција и да се случуваат и во следните години.
Новинар Соња Рилковска