На вчерашната седница беше верификуван мандатот на советничката Леона Кичеец , која доаѓа на местото на досегашниот советник Димитар Велјаноски, кој поднесе оставка од функцијата.
24 годишната Леона Кичеец е дипломиран правник на мастер студии по Меѓународно право, таа беше кандидат за советник од независната листа „Охрид пред се“.
Млада, но амбициозна и успешна личност. Таа потекнува од угледно градско семејство, ќерка на познатиот адвокат од Охрид Игор Кичеец и докторката Билјана Кичеец.