На 09.04.2022 во 21.25 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(48) од Тетово, затоа што при контрола и проверка на документите било констатирано дека дозволата за престој во Швајцарија била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Струга – Регионален центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка, информираат од МВР.