„Храбро срце” со повик до сите подмладоци од земјава да се вклучат во кампањата „Предизвик“

„Храбро срце” со повик до сите подмладоци од земјава да се вклучат  кампањата „Предизвик“.

 

Националното здружение ”Храбро срце” ги повика сите подмладоци а посебно политичките како најдобро организирани подмладоци во државата, да се вклучат во нивната кампања ”ПРЕДИЗВИК”.

– Апелираме до сите политички подмладоци, посебно до политчките како најдобро организирани во државава да ја поддржат нашата кампања и да се вклучат со што би дале свој допринос за што по успешно одвивање на истата а целта е заедничка и за сите! Нашата цел е да ја подигнеме свеста за органодарувањето како највисок хуман чин што може да се направи за да се спаси туѓ живот.

Се што треба да направите е да снимите селфи-видео со поддршка за органодарувањето, да ддете поддршка на здружението ”Храбро срце” , видеото да го објавите на вашиот ФБ и Инстаграм профил, да го одбележите Националното здружение ”Храбро срце” и да предизвикате ваши ФБ и Инстаграм пријатели да го направат истото со тоа што ќе ги тагирате во самата објава. – велат од Националното здружение ”Храбро срце”

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани