–Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на Власите со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.
Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата.
Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата.
На овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историја.
Меѓусебното почитување и негување на културата, обичаите и традициите од различните етнички заедници отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество. Така ќе биде и во иднина. Заедно и сложно ќе работиме за подобра иднина на сегашните и идни генерации во развиена и просперитетна држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод Меѓународниот ден на Власите.