Д-р Демишоски отсекот за Интерна медицина во Вевчани работи 30 години

Отсекот за интерна медицина во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ работи повеќе од 30 години. Има две ординации,  интернист и кардиолог и комплетна опрема за дијагностика.

 „Конкретно нашата служба располага со современи ЕКГ апарати. Шеснаесет години правиме и ехо на абдомен, колегата кардиолог работи и ехокардиограифија имаме коронарен стрес тест. Имаме холтер мониторинг на ЕКГ и крвен притисок. Дел од мојата работа е и на пунктот во моето родно Лабуништа. И таа ординација има современ ЕКГ апарат и портабал ехо апарат за теренски прегледи“, вели  д-р Аладин  Демишоски – интернист од Здравствен дом Вевчани.

Стотина вработени во  јавната здравствена установа пружаат медицински услуги на 40 000 пациенти во регионот од Велешта до Дебар. Голем број од пациентите добиваат и домашно лекување.

-„Нашите пациенти од овде најодговорно тврдам или си одат дома или точно се знае каде се насочени со одреден патолошки субтрат. Не сме бројка во системот. Постоиме повеќе од 70 години, немаме стационарни кревети, имаме дневен престој, но имаме добро развиена служба за домашно лекување, која е нетипична, а фунционира беспрекорно“, додава д-р Демишоски.

Континуирано има зголемен број на пациенти, но во секое време вработените се трудат пациентите да добијат високо квалитетни медицински услуги и сигурни наоди, вели Демишоски.  

-Имаме голем број на пациенти, но карактеристично е тоа што имаме зголемен број на пациенти  надвор од нашиот регион што го покриваме. Ние сме првата јавна здравствена установа што во 2007 година воведе туморски маркери кога во земјава уште беа табу тема. Хормонален статус воведовме тоа го работеше само Институт во Скопје. Ние бевме втората установа. Се трудиме, даваме се од себе пациентите да добиваат брза, навремена и квалитетна здравствена услуга“, вели Демишоски.

Загрижува тоа што има зголемен број карциноми и мозочни удари во регионот. Од Велешта, преку Вевчани  до Лабуништа  и Дебар забалежително е зголемување и  на бројот  на карциноми. Лекарите велат засега нема студии дали има поврзаност на овие здравствени проблеми со корона вирусот.

– „Имаме зголемена инциденца на мозочни удари. Не можеме да донесеме заклучок, бидејќи уште немаме релевантни студии, барем јас немам такви информации. Последниве две години симптоматично е дали короната беше причината овде во мојот регион има зголемен број и на карциноми на желудник. Само лани во Лабуништа се детектирани пет случаи’, вели Демишоски.

Лекарите велат забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка кои  се лекуваат со лесна терапија.

– „Тоа се постковид компликации кои не се страшни , меѓутоа има мускулни болки, чувство на замор, намаалена кондиција што имаме забележано многу случаи на грбни болки кои се почести.Повремени градни болки тука ни доаѓаат  уплашени пациенти дека е од срцева природа , меѓутоа не се опасни во суштина“, додава Демишоски.

Село Лабуништа беше едно од прво погодените места во пандемијата. Здравствениот дом во Вевчани и неговите испостави во Лабуништа и Велешта , обезбедиле огромни количини кислород со кој се лекувале пациентите во домашни услови.

Спасени се стотици заболени, а најстариот  корона позитивен со билатерална пневмонија бил 95 годишен пациент од Лабуништа, кој е  успешно излекуван.

Ги радува тоа што нема ниту еден ковид позитивен пацинт во регионот.

-„Речиси три месеци немаме нов ковид позитивен пациент во нашиот регион. А морам да кажам дека успешно се справивме со пандемијата. Обезбедивме многу кислород и ги лекувавме пациентите“, раскажува Демишоски.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани