Изминативе пет месеци се бележи намалување на бројот на кривични дела и зголемување на ефикасноста во откривањето на сторителите за 10 %. Според министерот на подрачјето на СВР Охрид има подобрување и во делот во сообраќајот.
„Исто така и во делот на сообраќајот се бележи тренд на намалување на сообраќајните незгоди, тешките сообраќајки со смртни псоледици и тешки телесни повреди. Тоа покажува дека и превентивните акции кои ги преземаме на нив на МВР, РСБСП, Факутетот за безбедност даваат ефекти меѓутоа и делот на репресијата кој што е неминовен во однос на сите учесници во ообрќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, рече Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Охрид.
На работната средба со раководството на СВР Охрид се дискутираше и за подготовките за безбедноста во екот на туристичката сезона во Охрид и Струга.
„Многу е важно пред почетокот на туристичката сезона, денеска разговаравме и за подготовките во однос на туристичката сезона затоа што ќе се зголемува фрекфренцијата, ќе расте бројот на настани кои што ќе ни се одржуваат во Охрид и Струга. И токму заради тоа ќе имаме поинаква поставеност и на ниво на МВР и на ниво на СВР Охрид. Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи како сите заедно би пмотнале за поголема безбедност во сообраќајот и второ апелирам на соработка со Македонската полиција“, рече Спасовски.
Охрид во пресрет на утрешниот самит Отоврен Балкан е под силно полициско обезбедување. Полицијата е распоредена и врши набљудување од копно, вода и воздух.
Новинар Соња Рилковска