Владата на Србија донесе одлука за отворање конзулат во Охрид, а за почесен конзул е именуван Михајло Филев.
Во Службен весник во соседна Србија беше објавено дека овој конзулат во Северна Македонија ќе ги опфаќа општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа, пишува „Телеграф.рс“.