Охрид домаќин на 27-та Медитеранска конференција на ИПА

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација-секција Македонија, ИПА регион Скопје и ИПА регион Охрид, од 17 до 19 јуни 2022 година во Охрид, ќе се одржи 27-та Медитеранска конференција на ИПА национални секции на тема : „Предизвиците во секојдневното полициско работење, физичка, ментална и правна заштита“.

Своето учество на конференцијата го потврдија високи делегации од следниве 16 држави: Австрија, Малта, Италија, Шпанија, Португалија,Босна и Херцеговина, Израел, Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија и Романија и секако домаќинот С. Македонија. На конференцијата свое присуство потврдија и членови на УО на светската ИПА организација меѓу кои и потпретседателот Kyriakos Karkalis како и делегации од 4 збратимени региони од соседството, преставници на Македонскиот полициски синдикат, преставници на UN-O.I.E.D, UN- OADO ECOSOC, ИПА членови и подржувачи.

Организацијата на Медитеранската конференцијата, доверена од светската ИПА, претставува чест за ИПА Македонија и доаѓа по минатогодишната успешна организација на Балканско-Јадранската Конференција која се одржа во Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани