„БезРАЗМЕрни величини“ -Литературен настан посветен на Разме Кумбароски

„БезРАЗМЕрни величини“ -Литературен  настан посветен  на  основачот  на  Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“ – Разме Кумбароски.

На 15 јуни 2022 во попладневните часови во паркот на пезијата во Струга се одржа несекојдневен настан,посветен на писателот Разме Кумбароски „безРАЗМЕрни величини“.
„Во чест на богатото творештво и животот на струшкиот писател Разме Кумбароски кое го остави зад себе:поезија,есеии,мислите за животот но и заедништвото и пријателството кои секогаш ќе не облагодаруваат“велат организаторите.
Настанот беше исполнет со читање поеми и извадоци од есеите на Разме Кумбароски,а сликарот Трајче Воинов (ТРАВОАРТ) во живо ја наслика и овековечи емоцијата на настанот,уметничка слика и принт што беше достапен за продажба.
Според најавената програма настанот започна со отворање:зошто без-разме-рни величини?
Реч на Радомир Андриќ,претседател на Друштвото на писатели на Србија.
Колаж од спомени – гласот на безразмерноста,српскиот писател Јеремија Лазаровиќ имаше своја реч во поетските форми:„Како некој да не гледа,додека омаж,за Разме „Едно дрво расте во Струга“имаше струшкиот писател и ликовен уметник Димитрие Дурацоски.
Литературниот портрет „Промишлени пјеснички поглед на искон“беше на Хелена Саблиќ-Томиќ.
Настанот заврши со отворен микрофон – споделување на приказни и спомени со Разме.
Од богатата биографија на Кумбароски одвојуваме дека е роден 29 март 1944 година во Струга.Завршил филолошки факултет во Скопје.Во 1980 магистрирал на политички науки во Загреб.Заедно со Димитрие Дурацоски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“.
Најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“и еден период како директор.По пензионирањето,ја иницира и оформи Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“која освен публикување,се јавува како една од ретките организации во државата кои се домаќини на фестивалот на есејот.Беше член на ДПМ од 1987 година.Автор е на 60 книги поезија,есеи и романи,а неговото творештво е преведувано на 12 светски јазици.
Кумбароски почина на 11-ти ноември минатата (2021) година.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани