Пендаровски: Пролонгирањето на процесот на евроинтеграција ја разнишува довербата во ЕУ

Пендаровски: Пролонгирањето на процесот на евроинтеграција ја разнишува довербата во ЕУ

 

Се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија конечно ќе го исполнат своето ветување од март 2020, кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да почнат пристапните преговори со Северна Македонија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателот  на Европскиот совет Шарл Мишел во претседателската вила во  Охрид.

Шефот на државата смета дека посетата на Мишел  во овој,турбулентен период за Европа и за светот, на само неколку дена пред јунскиот самит на ЕУ, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки. Пролонгирањето на стартот на прегворите ја разнишува довербата во ЕУ.

-„Денес разговаравме за тоа дека со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја членка кон земја кандидат за членство од билатерални причини не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од западниот Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој ќе стави крај на овој процес кој, инаку, со години беше сметан за најдобра надворешна политика на Унијата“, истакна Пендаровски.

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел рече дека даваат поддршка за Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро да ги отпочнат преговорите со ЕУ.

– „Дојдовме во Македонија со една јасна порака дека ЕУ е посветена и работи на што  е можно поскоро да започнат преговорите за Северна Македонија и Албанија, тоа за нас е топ приоритет. Ги поддрржуваме сите напори да се најдат решенија за отворените билатерални прашања со Бугарија, бидејќи тоа е важно за целиот регион, рече Мишел.

Според Пендаровски, проектот за обединета Европа, отсекогаш содржел и јасен геополитички аспект. Но во овие моменти на војна на континентот,  таа негова димензија е посебно нагласена.

-„За опстанок на политиката на проширување на Европската унија, неопходна е зголемена геополитичка одговорност особено кај земјите членки на ЕУ. Наспроти реалните разочарувања и заморот од чекањето за пробив на европскиот пат, за нашата посветеност, меѓу другото, најсилно зборуваат две работи: од една страна, нашето целосно, 100-процентно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и приклучување кон сите пакети на санкции кон Руската Федерација, а од друга – Европската Унија и понатаму е нашиот далеку најважен трговски партнер, обезбедувајќи поддршка и финансиска помош за спроведување на неопходните реформи “, нагласи претседателот на државата.

Пендаровски се заблагодари на челниците на европските институции  што се  обидуваат да ја одржат евроинтеграцијата на регионот да биде високо на листата на приоритети.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани