Соговорниците зборуваа и за прогресот што Општина Охрид го прави во спроведување на препораките од УНЕСКО за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство. Амбасадорката го поздрави напорот што Општина Охрид го вложува во насока на зачувување на статусот.
Градоначалникот и Амбасадорката разговараа и за изработката на проектките кои се однесуваат за подобрување на водоснабдувањето на градот и за пречистителни станици за третирање на отпадните води. Амбасадорката изрази подготвеност за помагање при подготовката и реализација на овие проекти.
Инаку ова е прва посета на Охрид од страна на Амбасадорката на Израел Н.Е. Симона Франкел.