Тие се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири. Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.