Скопјани во автокамп во Охрид фатени со марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во камп покрај Охридското Езеро, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, која тој им ја овозможил за користење на А.Ч. и А.Ј, двајцата од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.