Кога одам во Вевчани, одам во „Виа Игнација“

Вистина, кога одам во Вевчани одам во „Виа Игнација“.

Така е и во лето и во зима,ресторанот „Виа Игнација“,кој е бренд за Општината Вевчани и годинава има најатрактивни понуди. Ресторанот нуди прекрасна атмосфера,топло гостопримство,традиционална вкусна и богата храна и пијалок со пристојни цени.Тука може да се најде речна пастрмка,домашни млечни производи,салати.

Од питите би го издвоиле кашаникот направен под сач,како и виткалникот или коматот по вевчански, домашно вевчанско вино и ракија, познатите вевчански луканци…

Далеку од градската врева на мала оддалеченост од Охридското Езеро,во атарот на  Вевчани, верните готвачи во ресторанот „Виа Игнација“ ја приготвуваат највкусната храна,со оргинални рецепти и гурманска страст. Опкружено со недопрена природа,чист планински воздух и амбиент кој плени, најпознатиот угостителски бренд во Вевчани,е омилена дестинација на посетителите. Возрасните тука уживаат во вкусните специјалитети,а најмладите бескрајно се радуваат на мини зоолошката градина и содржините за забава каде можат безгрижно да играат. Идеално е за убаво дружење на целото семејство.


Во мини-зоолошката градина има девет видови птици. Додека се опуштите во пријатната атмосфера на ресторанот,слушате пријатно црцорење.Наоколу шетаат пауни со прекрасни пердуви во најубавите бои,а во езерцето пливаат патки.Амбиент кој потполно ќе ве смири и опушти.
Бисерките,еребиците,свилените кокошки,фазаните,гулабите,исто така се дел од мини-зоолошката градина. Посебно мили на посетителите им се трите срни кои се чуваат со големо внимание. Оттука гостите си заминуваат со силни впечатоци и желби повторно да се вратат во Вевчани. Тука се во близина и познатите вевчански извори.


Низ Вевчани поминале над 200 уметници од разни страни на светот кои во наследство на ликовната колонија оставија значајни дела кои се вистинско културно богатство.
Веќе тринасет годин познатиот ресторан „Виа Игнација“во Вевчани ја организира ликовната колонија „Вевчански видувања“,која полека но сигурно прераснува во респектабилна меѓународна манифестација.Денес таа е позната не само во границите на земјата,туку и надвор од неа.

Втемелувач на оваа културна традиција беше познатиот македонски ликовен уметник Глигор Чемерски. На негов повик пред тринасет гододини во Вевчани пристигнаа триесеттина ликовни уметници и се родија „Вевчанските видувања“. Оттогаш низ Вевчани минале над 200 уметници. Ликовните дела создадени во Вевчани се изложени на домашни и меѓунардни изложби

Коорганизатор на меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“првите три години беше фондацијата „Киро Глигоров“.Ресторанот „Виа Игнација“,пак,широко ги отвори вратите за ликовните уметниици,овозможувајќи им прекрасни услови за престој и творештво во Вевчани.


Вевчанската порта секогаш е отворена за секој добронамерен посетител.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани