„NOCCIOLINO“- Првиот „џелато“ пристигна во Охрид

Нова  гурманско-туристичка атракција за совршени  вкусови со италијански шмек.

Во охридската чаршија пристигна првиот оригинален италијански  сладолед – џелато. 

NOCCIOLINO е работилница за повеќе вкусови на сладоледи  по оригинален италијански рецепт.

Италијански џелато е  подготвен според оригинален италијански рецепт, со  чисти пасти без додаток на вештачки бои и емулгатори!

Што е џелато?

Џелато е замрзнат десерт, познат по својата густа, кремаста текстура и богат вкус. Џелато потекнува од Италија и се продава во места наречени „gelaterias“.

Џелато ќе се продава на две локации во охридската чаршија, една на градскиот плоштад, а другата кај „скаличките“ на местото кај поранешната парфимерија „Јувена“. 

-„Во нашата работилница ќе се произведува и продава првиот џелато. Многу години живеев во Италија и добро ја познавам разликата помеѓу талијански џелато и сладолед кој го имаме овде. Токму зата сакавме да го донесиме во нашиот Охрид тој оригинален висококвалитетен италијански сладолед. Тој е поинаков во вкус,  текстура, содржина и  кремаст“ , вели Александра Ночевска сопственик на работилницата NOCCIOLINO.

„Кога ќе кажеш џелато секаде во светот се знае дека тоа е италијански џелато, кој се разликува и по вкус и по содржина од обичниот сладолед. Разликата е во содржината на масти, шеќери. Џелатото има помалку масти и шеќери, нема вештачки бои, емулгатори, вели мајсторицата од Италија Мари Кањацо. 

За охриѓани и туристите специјална понуда е вкусот „охридски бисер“ кој е мешавина од карамела, бадеми, лешници…..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани