„И ние сакаме да пливаме“, инвалидизираните бараат адаптирана плажа

Повеќе од една деценија  инвалидизираните лица  барат  адаптирана плажа.  

 

Изготвени се повеќе проекти, одредени се и неколку  локации на брегот на Охридското Езеро, но надлежните немаат слух, се жалат од Здружението Мобилност.

Со години се соочуваат со препреки, најново е  образложението  дека езерто е под закрила на Унеско и не смее да се бетонира брегот,  но  постојат и алтернативни решенија по теркот на развиените земји, каде  успешно функционираат капалиштата за телесни инвалиди.

 „Повеќето од нас се здрави во горните екстремитети, кога би имало таква хидрулична рампа каде што би  можел да влезе во езерото тој понатаму би можел да плива. И ние би сакале да се капиме, и ние сакаме да се сунчаме, ние сакаме да пливаме и ние сакаме да го правиме она што го прават сите луѓе“,   вели Христина Просковска-Мобилност Скопје.

Наместо во сопствената земја, лицата со телесен инвалидитет на одмор патуваат  во соседството,  бидејќи на домашните езера плажите им се непристапни.

-„Зошто да одиме на други места, кога би можеле во Македонија да ги користиме тие услови. Македонија на ниедно езеро нема услови, особено на Охридското Езеро на најубавото наше езеро треба да имаме една пристпана рампа што ќе може да ја користиме, барем да можеме да влеземе и да се искапиме во езерото“, вели Гоце Миновски- претседател на „Мобилност“ –  Скопје.  

Светот работи на развој на пристапен туизам, специјалната  адаптирана плажа за инвалидизирани лица ќе ја збогати туристичката понуда на Охридското Езеро и ќе  придонесе за зголемување на бројот на туристи и од земјава и  странство.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани