После долгогодишните апели и последното барање на Здружението Мобилност Скопје, кое го пренесе Охриднет во петокот, на Охридското езеро ќе се поставуваат рампи за инвалидизираните лица.
– Утре, понеделник (11.07.2022) во 11 часот на плажата во Љубаништа ќе биде
ставена во употреба пристапна рампа за лица со посебни потреби, а после
поставувањето во Љубаништа, ќе се оди во Славија каде и таму ќе се постави иста
таква рампа. Вакви рампи за прв пат се поставуваат во Македонија, а целта на
нивното поставување е да и овие лица можат непречено да се капат во Охридското
езеро, информираат од општина Охрид.
Инвалидизираните лица со децении бараа адаптирана плажа на брегот на Охридското езеро.