На денот на неговиот имендан на празникот Св.Еразмо Охридски,на 15 јуни 2022 година,во паркот на поезијата во Струга,за време на одржувањето на литературниот настан …БезРАЗМЕрни величини“,посветен на македонско-струшкиот писател Разме Кумбароски,основач на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“,кој најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ и како кооснивач на паркот на поезијата заедно со долгогодишниот директор на СВП, Јован Стрезоски.
Настанот покрај што беше исполнет со читање поеми и извадоци и од есеите,неговото прекрасно семејство,во паркот на поезијата кој е единствен во светот,покрај добитниците на угледната награда Златен венец на Струшките вечери на поезијата, засадија свое дрвце,посветено за богатото творештво и животот на струшкиот писател Разме Кумбароски,кое го остави зад себе.
Автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ