Фестивалот и годинава најавува 40 атрактивни и возбудливи фестивалски вечери со богата програма. Љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, 9 театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Се е подготвено за стартот, организаторите најавуваат спектакл.
-„ Се е подготвено ја очекуваме публиката, уметниците се пристигнати од вчера во Скопје секогаш некоја мала ситница може да се заврши во последната минута пред самото отворање. Во поглед на целата програма на публиката и концертите, да очекуваме оваа година многу повеќе публика, многу повеќе возбуда и во музичкиот дел и во татарскиот дел “, истакна Наташа Поповиќ директор на Фестивалот „Охридско лето“.
Најпрестижната културно сценска манифестација во земјава, фестивалот Охридксо лето годинава ќе брои над 1000 уметници од 25 земји. Кои ќе настапат на сцените на Антички театар, Долни Сарај и предворјето на катедралната Света Софија.
-„Иако имаме над 40 настани вкупно, би го издвоила настапот на Стефан Миленковиќ, камерниот оркестар на Македонската филхармонија и затворањето на фестивалот кое ќе биде посветено на маестро Александар Џамбазов. Во меѓувреме голем број на прекрасни рецитали со учество на прекрасни уметници така да мислам неблагодарно е да издвојувам еден по еден настан “, изјави Бисера Чадловска музички селектор.
Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери,ќе донесе совршен спој на музиката, теаатрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.
Новинар Соња Рилковска