Со утрински подготовки денес започнува Државното првенство во пливање кое после две децении повторно ќе се одржи во Охрид. ЈП “Билјанини Извори” ги поканува сите љубители на пливањето и спортот генерално, да дојдат на градскиот базен овој викенд и заедно со нас да уживаат во убавините на пливањето. На Државното првенство ќе учествуваат 17 клубови од Македонија со околу 400 пливачи. Трките од првенството ќе се одржат претпладне и попладне на 16 и 17 јули, информираат од ЈП „Билјанини извори“.