Поставени информативни табли пред заштитените чинари

Поставени информативни табли пред сите заштитени чинари и кочеџикот, кои се прогласени за природна реткост.

 

Овој проект е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа, а Одделението за заштита и влијание врз животна средина го реализираше со поддршка на ЈП „Градски Гробишта“. Информативни табли со основни информации за староста и називот на заштитените стебла се поставени пред чинарите: на плоштадот „Чинар“, во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; пред зградата на Црвен Крст; во Влашка Мала; во населба Кошишта и чинарот кој е во Централното градско подрачје и единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Бидејќи овие дрвја се прогласени за природна реткост забрането е поставување на плакати, летоци и некролози на стеблата и се упатува апел до граѓаните за поголема внимателност и грижа за зачувување на истите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани