Пронајдена дрога на журка на плажа во Охрид.
Во два засебни случаи полицијата синоќа пронајде бела грутчеста материја и марихуана.
На 23.07.2022 година во 22.45 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(27) од Скопје. При преглед извршен на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На истата забава на плажа во 23.40 часот во СВР Охрид лишен од слобода е О.И.(24) од Гостивар. При извршен преглед на плажа на охридското крајбрежје, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид.