Промотивна турнеја на НишВил Џез Фестивал во Љубаништа

„NiSu brothers” од Србија или Милан Саитовиќ Jazzysad и Дејан Собот познат како DJ Loptica утре во 17 часот со несекојдневен настап во Автокамп Љубаништа ќе ја пренесат атмосферата од најголемиот Џез фестивал на Балканот, НишВил џез фестивал.
Нивниот настап во Автокамп Љубаништа е дел од од годинешната промотивната туренја низ Балканот со која го претставуваат започнувањето на годинешното изданието Нишвил Џез Фестивал. НишВил е основан во 1995 година и има голема традиција и важи за најпосетениот Џез фестивал во Југоисточна Европа истакнува Милан Саитовиќ Менаџер на Џез-денс сцената на фестивалот.

Она што би сакал да го истакнам кога е во прашање Нишвил Џез Фествал е дека тоа е единсвен Џез Фестивал во овој дел од Европа кој има бина на која настапуваат Диџеи. Значи Џез-денс бината е специфична и тесно поврзана со Нишвил Џез Фестивалот, а тоа успеваме да го организираме веќе 7 години, вели Милан Саитовиќ Дџ Јаззисад Менаџер на Џез-денс сцена.

Главната врска на Охрид со Нишвил Џез Фестивал е охридскиот Џез уметник Владимир Четкар кој во два наврати има учествувано и ја споделува импресијата од тој музички настан.

Јас имав привилегија да настапам уште пред 12 години кога бев многу млад, а потоа упште еднаш со различна постава и потоа направивме традиција на гостување и дружење а ова е нов концепт на промотивна турнеја во овие тешки времиња за кулутрата посебно за перформинг артс во цел свет. Така што љубаништа камп е совршено место баш за вакви настани, кажува Владимир Четкар.

Владимир Черткар ќе има свој концерт токму во Љубаништа на 12 август кој ќе биде бесплатен за посетителите. Автокампот Љубаништа се потруди и промоцијата на Нишвил џез фестивалот да биде бесплатно уживање за охриѓани, најави Ванчо Јованоски во име на организаторот.

Голема благодарност што целиот овој настан и ова пропатување низ Македонија и само во Охрид, тука е автокампот Љубаништа кој ги покрива сите трошоци и организација на овој настан. Без влезници, без резервации и без оние пропратни работи коишто другите ги користат за маркетинг и заработка, кампот Љубаништа ова го прави за промоција на Охрид не само како туристичка туку и музичко-културна дестинација, потенцира Ванчо Јованоски, промотор на настанот.

Официјално интернационалниот фестивал во Ниш , Р. Србија започнува на 5ти август и

ќе трае до 14 август. На Нишвил ќе настапат десетици изведувачи и бендови од повеќе држави меѓу кои и македонски џез изведувачи како што е џез уметникот Сашо Поповски. Регионалната турнеја за промоција на фестивалот, од која утревечер ќе биде дел и Охрид, започна во Босна и Херцеговина а ќе заврши во Црна Гора.

Извор ТВМ телевизија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани